Кризниот штаб даде зелено светло за отворање на границите

На редовната владина седница Кризниот штаб денеска даде зелено светло за отворање на границите без ограничувања. Предлогот треба да биде усвоен и од страна на Владата. Со тоа би се отворила можноста за укинување на обврската при влез во земјава да се достави негативен Пи-Си-Ар тест и да се остане 14 дена во самоизолација.

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово. Донесени се и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клубовите и во казината и Протоколот за постапување на средните училишта за полагање на квалификацискиот испит.

InterServer Web Hosting and VPS