Модна инспирација: Марго Роби на премиерата на „Си беше еднаш во Холивуд“

Марго Роби е официјално модниот миленик на неделава откако се појави на премиерата на “Си беше еднаш во Холивуд”.

Актерката беше опкружена со филмските икони Бред Пит, Леонардо Ди Каприо и Квентин Тарантино, но успеа да привлече внимание на себеси поради нејзиниот избор на облека.

Марго Роби се појави во стилот на класичната убавина на Холивуд, материјализирана на црвениот тепих во долг бел Шанел фустан.

Ефективното деколте во облик на V, напумпаните ракави со карнер и акцентот на половината, ги вратија годините на киното во кое беа создадени класиците.

Не е изненадување што актерката го избра фустанот на француската модна куќа, особено со оглед на тоа што таа беше лице на Шанел.

Тајната симболика, сепак, покажа комбинација на Вог од 70-тите и Лорен Хатон./lokalno.mk

InterServer Web Hosting and VPS