Лепа Брена и Боба Живојиновиќ загубиле 18 милиони евра поради Новак Ѓоковиќ

Пред 17 години Срџан Ѓоковиќ ги прашал Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ да инвестираат 500 000 евра во тогаш 15 годишниот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Брена и Бобо процениле дека тоа ќе бидат фрлени пари и не прифатиле.

Ако прифатиле и договориле договор на 10 години, сега на нивната сметка ќе имале 36 пати повеќе пари односно 18 милиони долари.

„Боба го одби Срџан. Изјави дека Новак е добар тенисер, дека може многу да постигне, но дека има болно срце и дека неговиот татко е тежок за соработка. Да вложија во него, ќе имаа 15% од секоја негова награда или спонзорирани договори, односно за 10 години ќе имаа 18 милиони евра“ вели за „Стар“ добро известен извор.

И тогаш таткото на Ноле често зборувал дека барале пари за неговата кариера.

„Бараме спонзор со кого ќе потпишеме договор, а тоа се прави светот во последните 20- 30 години. Бараме луѓе кои ќе инвенстираат во Ноле, а да имаат процент кога тој ќе стане играч и направи резултатити од соработката“ вели Срџан.

Новак Ѓоковиќ денес важи за најдобар тенисер во светот, а пред некое време по петти пат освои титула на Вимблодон./skopje24.mk

InterServer Web Hosting and VPS