Како да избегнете карантин доколку патувате во Германија?

Берлин, 23 јуни – Дури и да се укине забраната за туристички патувања во земјите од ЕУ, на македонските граѓани веројатно и натаму ќе им биде потребен негативен тест на Ковид-19 за влез на германска територија, пишува Дојче Веле.

Во моментов во Германија важи правилото за задолжителен карантин или самоизолација во траење од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од ткн. ризични подрачја. На листата од над 160  ризични земји е и Северна Македонија. Карантинот може да го избегнете доколку на граница приложите негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 48 часа од моментот кога влегувате во земјата.

Се до 1 јули, за кога Европската комисија најави дека ќе ја укине забраната за влез во ЕУ за граѓаните на земјите од Западниот Балкан, и во Германија можете да влезете само доколку имате дозвола за престој, виза или валидна причина за патување, или пак да транзитирате кон трета земја, но туристичките патувања и натаму се забранети. Но, според актуелната регулатива која е на сила во Германија, и по укинувањето на забраната за туристички патувања, државјаните на земјите надвор од ЕУ веројатно ќе мора да одат во 14 дневна изолација или карантин.

InterServer Web Hosting and VPS