За 10 дена во државен карантин сместени 13 лица, меѓу кои и еден полицаец

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација, информнираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека две лица ги прекршиле мерките.

По однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 707 прекршоци.

Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, од 12 до 22 јуни во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави.

InterServer Web Hosting and VPS