Клоп: Ливерпул доминираше, но Евертон ја имаше најубавата шанса

По нерешениот исход (0:0) во градското дерби од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција со Евертон, тренерот на лидерот Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците.

– Тоа беше вистинска борба. Двете екипи покажаа дека разбираат што е дербито. Интензивна игра со физичка борба, сите играчи беа во рамките на своите можности. Немавме доволно шанси, иако поголемиот дел од времето доминиравме. Тие ја имаа најреалната шанса да постигнат гол, изјави Клоп.

Евертон се бранеше многу добро, и не бевме доволно паметни за да го искористиме просторот. Фудбалот изгледа малку поразлично, но јас го разбирам овој факт, додаде германскиот стручњак.

Ливерпул е убедливо прв во Премиер лигата и му фалат уште пет бода во последните осум кола за да го обезбеди шампионскиот трофеј, прв пат по 30 години.

InterServer Web Hosting and VPS