Во Македонија најголем број заразени на 100 илјади жители

Скопје, 20 јуни – Најголем број активни пациенти на 100 илјади жители во регионот се регистрирани во Македонија, а потоа следат Косово и Босна и Херцеговина (БиХ).

Во државава регистрирани се 138 активни случаи на 100 илјади жители, во Косово 49 и во БиХ 27 активни случаи на 100 илјади жители.

На четвртото место е Албанија со 25 активни болни на 100 илјади жители, по што следат Србија со девет, Црна Гора со шест, Словенија со двајца и Хрватска со еден активно болен на 100 илјади жители.

Во регионот, најголем број на заразени од коронавирус во однос на бројот на жители е регистриран во Македонија, по што следат Србија и БиХ на трето место.

Во Северна Македонија има 2.406 заразени на милион жители, 1.834 во Србија и 949 заразени на милиони жители во БиХ.

На четвртото место е Словенија со 734 заразени на милион жители, а по неа следат Албанија со 657, Хрватска со 563 и Црна Гора со 570 заразени на милион жители.

Бројот на заразени лица е изразен на милион жители заради подобра споредба.

Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Словенија, 7,18 проценти, БиХ 4,95 проценти, а потоа следат Македонија со 4,66% и Хрватска со 4,65%.

Стапката на смртност во Црна Гора е 2,51%, во Албанија 2,12% и во Србија 2,03%.

Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Србија, 48.203 на милион жители, на второ место е Словенија со 45.179, а на третото место е Црна Гора со 25.168

На четвртото место е Македонија со 24.223 тестирани на милион жители, а потоа следи БиХ со 23.050, а Хрватска со 17,652 тестирани на милион жители.

InterServer Web Hosting and VPS