Помпео ги оцени како лаги тврдењата во книгата на Болтон против Трамп

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги осуди „лагите” на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност, чија книга против американскиот претседател Доналд Трамп излегува следната недела.

– Тажно и опасно што последната јавна улога на Џон Болтон ќе биде улогата на „предавник” која нанесува штета на Америка преку нарушување на довербата на народот, рече Помпео.

Сепак, тој не го негираше делот во кој Болтон наведува дека токму шефот на дипломатијата му рекол дека Трамп зборува „глупости”. Книгата на Болтон „Собата каде сè се случуваше: Мемоари од Белата куќа” треба да биде објавена на 23 јуни, но делови од неа веќе се објавени во американските медиуми.

Министерството за правда поднесе тужба против Болтон, откако Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работната верзија на книгата содржи пасуси со доверливи информации за националната безбедност. Тужителите тврдат и дека Болтон го прекршил договорот за необјавување. Но, американските медиуми посочуваат дека тужбите имаат контра ефект, бидејќи според нарачките на Амазон, книгата е на прво место.

InterServer Web Hosting and VPS