Со 47 пластични операции влезе во Гинисовата книга на рекорди!

Синди Џексон (64) е запишана во Гинисовата книга на светски рекорди како личност која имала најмногу пластични операции- дури 47, а на нив потрошила околу 60 илјади евра.

Од 1987 година имала 14 операции, вклучувајќи три за подигнување на лицето, две операции на носот, импланти во образите и корекција на подбрадокот. Направила и неколку нехируршки зафати како хемиски пилинг и полутрајна шминка.

Сега се надева дека нејзиниот рекорд ќе го преземе Родриго Алвес кој се прославил како човечкиот Кен, а од неодамна сака да стане Барби.

https://www.instagram.com/p/B56STr2HE09/?utm_source=ig_web_copy_link

“Не можам да се сетам на сите операции. Тоа е како да прашувате некој колку пати се шишал во последните 30 години. Веќе нема да ги објавувам моите операции бидејќи не сакам да бидам позната како Барби кукла. Не сакам да бидам вклучена во натпревар. Мислам дека некои луѓе како Родриго прават зафати само за да го срушат рекордот”, изјавила Синди.

Таа тврди дека отсекогаш инсистирала на природен изглед и дека не е зависна од операции.

https://www.instagram.com/p/CBdW8rjnb-g/?utm_source=ig_web_copy_link

Своето искуство со козметички зафати го искористила за советување и помош на другите да остварат што поприродни резултати без видливи лузни и траги од операција.

InterServer Web Hosting and VPS