Рестораните и кафичите може да добијат продолжено работно време

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок даде зелено светло угостителите да работат и по 22 часот. Сепак предлогот сеуште не е пристигнат до Владата. Минисетрот за економија Бектеши иако не прецизираше од кога угостителите ќе можат да работат два часа плус, посочи дека Владата ќе ги почитува препораките од Комисијата.

Бектеши рече дека побарал и други измени во протоколите како на пример четирите лица на една маса да не мора да се од иста фамилија. Ова правило предизвика најмногу проблеми во работата на угостителите.

Во меѓувреме хотелиерите реагираат на одредени точки во протоколот особено за одредбата во повеќекреветните соби да можат да бидат сместени само лица од исто семејство.

Донесените протоколи се во рамки на европските во добар дел се прифатливи но има и недостатоци. На пример во повеќекреветните соби може да се сместат само лица од исто семејство, неземајќи го во предвид постоењето на невенчани сопружници, или со различни презимиња или членови на семејства кои имаат различна адреса на живеење. Со овие протоколи тие нема да можат да летуваат заедно. Во очекување сме на донесување на протоколи за свадби и други прослави во хотелите и другите објекти како и на протоколи за спа центрите, базените или аква парковите, затоа што голем дел од објектите се атрактивни за гостите токму поради овие содржини, вели Владимир Граматиков- претседател на туристичко -угостителска комора при ССК.

Хотелите во понеделник почнуваат со работа. Според протоколот заштитна маска задолжително ќе мора да носат и гостите и вработените, ќе треба да ги отстранат списанијата, играчките, перниците, прекривки, а нема да има ниту шведска маса, ниту апарати за точење на пијалоци.

InterServer Web Hosting and VPS