Се вратија во Бундес лигата по пауза од 11 години

Во дуелот од 28.коло на 2. Бундес лига Арминија Билефелд го победи Динамо Дрезден со 4:0 и така осигура кам-бек во најсилната германска лига и тоа по пауза од 11 години. Арминија со оваа победа стигна до +9 во однос на третиот Штутгарт и поради подобриот меѓусебен скор, на три кола пред крајот осигура промоција.

Всушност, тимот од Билефелд речиси сигурно ќе биде првак во Цвајте затоа што на вториот Хамбургер му беа осум бода на три кола до крајот.

„Сините“ последен пат играа во елитната германска лига во сезоната 2008/09.

InterServer Web Hosting and VPS