Предлог од Владата за вонредна состојба до 22 јуни за спроведување на изборите

Скопје, 15 јуни –  Владата вечерва на 67-мата седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот, да утврди постоење вонредна состојба за период од осум дена, односно да трае од денеска (15 јуни) до 22 јуни.

Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава, соопшти владината прес-служба.

InterServer Web Hosting and VPS