Модриќ: Сонував да играм во Милан, но Реал е Реал

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ даде опширно интервју за „Газета дело Спорт“, каде зоборуваше за Серија А и неговиот омилен клуб.

Модриќ не крие дека како дете бил голем навивач на Милан и дека сонувал да игра на „Сан Сиро“ како и неговиот идол Звонимир Бобан.

Сепак, Хрватот е пресреќен што игра во Реал Мадрид и сака кариерата да ја заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

„Бобан е мојот идол од детството. Имав дрес од Милан и сонував да играм за тој клуб, но кариерата ме однесе на друго место. Кога ќе дојдете во Реал тешко е да помислите да заминете. Ако работите не одеа добро во Реал дефинитивно би можел да играм во Серија А, но искрено Реал е на прво место“, истакна Модриќ.

„Ја следам Серија А и денес, таму имам и многу пријатели. Искрено жал ми е да гледам ваков Милан. На Италија и на Европа им е потребен вистинскиот Милан“, додаде Хрватот.

InterServer Web Hosting and VPS