СДСМ: Чулев сака да го врати ВМРО-МВРО, незаконски ја унапредил сопругата на Чавков

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот, велат во реакција од СДСМ.

Како што посочуваат од владејачката партија, техничкиот министер од реедовите на опозицијата, без распишан интерен оглас во МВР, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на повисока позиција, за три скалила погоре во хиреархијата на министерството.

„Ова е уште еден обид на Чулев, МВР да го претвори во ВМРО-МВРО. Чулев не може да се одвои од режимската матрица на неговата партија и го интересира само како да го заштити својот шеф Христијан Мицкоски и како да им помогне на своите партиски другари“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од таму порачуваат дека времето на режимот сепак е завршено, а Белиот дворец одамна не раководи со МВР, така што на Мицкоски и на Чулев треба да им е јасно дека секој во државата ќе одговара за неодговорно и незаконско постапување.

InterServer Web Hosting and VPS