СЗО: Мајките со коронавирус треба да продолжат да ги дојат своите бебиња

Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако се потврди дека имаат коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).

-Врз основа на достапните докази, совет на СЗО е дека придобивките од доењето ги надминуваат сите потенцијални ризици од пренесување на Ковид-19, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, на прес-конференцијата во Женева.

Тедрос истакна дека децата имаат помал ризик од инфекција со коронавирус отколку возрасните, но има поголем ризик од развој на болести и други состојби што доењето може да ги спречи.

-Мајките за кои постои сомневање дека имаат Ковид-19 или е докажано дека го имаат, треба да бидат охрабрени да започнат или продолжат со доењето и да не се одвојуваат од своите бебиња, освен ако мајката е премногу болна, рече тој.

InterServer Web Hosting and VPS