И Романија има свој Бермудски Триаголник

Кога луѓето помислуваат на Трансилванија, првата асоцијација најчесто е грофот Дракула. Но шумата Хола Бациу, која ја нарекуваат и романскиот бермудски Триаголник е позлокобна и помистична од прочуениот гроф Влад Цепеш.

Се наоѓа на 20 минути возење од центарот на градот, во самото срце на Трансилванија. Локалното население верува дека шумата е проколната и одбегнуваат да влегуваат во неа, а ако сепак мораат да влезат, го прават тоа во друштво и строго додека е ден.

Легендата вели дека шумата го добила името по еден овчар кој влегол во неа со своите 200 овци и никогаш повеќе не се вратил. Иако потрагата по него траела со денови, овците биле пронајдени раштркани низ шумата, а на овчарот му се губи секаква трага.

По овој настан, пријавени се уште 20 исчезнувања во шумата.

Освен тоа, посојат и неколку документирани случаи каде луѓе во шумата одеднаш почнуваат да чувствуваат големи тегоби и необјаснет страв, а по излегување од шумата забележале гребаници и осипи за кои не знаат како настанале, како и мачнини и мигрени.

Во поново време шумата го потврдила својот злокобен углед откако биологот Александар Сифт во 1950 година во неа воочил необјаснив феномен- необични светла чиј извор никако не можел да го утврди.

Подоцна, во 1968 година фотографот Емил Барнео во неа забележал нешто за што голем број на луѓе верувале дека е НЛО.

Во еден дел на шумата постои чистина на која нема воопшто дрва, додека на другите делови стеблата растат свиткани под необичен агол. Биолозите за тоа немаат рационално објаснување.

InterServer Web Hosting and VPS