Пристигна новиот Land Rover Defender!

Во салонот на Automobili Group во Скопје пристигна целосно-новиот Land Rover Defender!

Новиот Defender има многу тешка задача – треба да ја продолжи приказната која првиот Defender ја градеше и раскажуваше повеќе од 70 години. Токму затоа, инженерите и дизајнерите на Land Rover му посветија навистина многу внимание и време на моделот по кој се вика целата компанија.

Defender е поставен на нова платформа и добива цела лепеза на напредни off-road и on-road технологии, а целиот автомобил е замислен и развиен да биде робустен и издржлив – и секако, да може да совлада секаков терен.

Интерната ознака на новиот Defender е L663, и за прв пат Defender ја напушта традиционалната шасија. Тој е префрлен на алуминиумска платформа, која има претрпено многу измени и подобрувања за потребите на Defender. Достапен е во две верзии – 90 (пократка, со три врати) и 110 (подолга, со пет врати).

Новиот Defender може да се добие со еден од два турбодизел мотори, или пак еден од два турбо-бензинци. Основниот турбодизел ја носи ознаката D200 и располага со 200 коњски сили. Над него е D240 со (погодувате) 240 коњски сили. Бензинците доаѓаат во форма на P300 со 300 коњски сили и P400 кој добива лајт-хибрид технологии и шест-цилиндерски турбо-бензинец за вкупно 400 коњски сили. Следната година ќе пристигине и плаг-ин хибрид.

Целосно-новиот Defender е веќе изложен во салонот на Land Rover!

InterServer Web Hosting and VPS