Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули

Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови кој што Владата го усвои на вчерашната седница, Државниот студентски дом „Скопје“ соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник.

„Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови од 8 до 16 часот“, објави на Фејсбук Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“.

Домовите се напуштени од студентите од средината на март кога беше донесена и одлуката за затворање на факултетите, училиштата и градинките.

На тие што имаа потреба тогаш да подигнат основни лични работи, тоа им беше овозможено во четири дена, од 7 до 10 април, во одредени периоди согласно со тогашните ограничувања на движењето поради полицискиот час.

За посета на домовите студентите беа пуштани во ограничен број и со почитување на препораките за заштита. Студентските домови во овој период беа и дезинфицирани.

InterServer Web Hosting and VPS