Колку ви треба да ја воочите мачката која се скрила некаде на полиците?

Илјадници луѓе на Twitter се фаќаат за глава кога ќе ја здогледаат мачката на оваа фотографија. Колку време ви треба да ја пронајдете?

Виралната фотографија која доби 220.000 лајкови, ја сподели американската новинарка Kate Hinds на Twitter, каде некои признаа како не успеале да ја пронајдат мачката ни после неколку минути гледање на фотографијата.

“Не можев да ја пронајдам мачката, морав да погледнам во коментарите’’ е една од реакциите. “Мачката е твоја, сама најди си ја! Јас не можев”, се шегуваа некои. “Дали сум слеп? Гледам во ова веќе 10 минути”, е уште еден од коментарите.

На олеснување на многу кои не успејаа да ја пронајдат мачката, сопственичката објави фотографија на која се гледа како шепата и ѕирка под телевизорот.

Слична фотографија стана вирална на Twitter и минатиот месец. Тогаш луѓето ја бараа мачката во кујна.

InterServer Web Hosting and VPS