Вархеји разговарал за Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Скопје, 10 јуни – Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христија, Мицкоски.

Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски за да ја нагласивме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економски закрепнување, напиша Вархеји на Твитер.

Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.

InterServer Web Hosting and VPS