Чулев: Тврдењата на Синдикатот се паушални и политички мотивирани

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на „Фејсбук“ објави дека наводите изнесени на денешната прес-конференција на Македонскиот полициски синдикат биле паушални и политички мотивирани.

„Политизирано и партиски координирано раководство на еден синдикат не може да ги штити правата на работниците, а денешната прес-конференција одржана по партиски директиви уште еднаш го потврдува тоа. И таа говори за тоа во каква синдикална организација членуваат некои од вработените во Министерството за внатрешни работи и кој ги штити нивните права.

На денешната прес-конференција очекував Полицискиот синдикат да ги запрашаат Оливер Спасовски и другите претставници на власта зошто сè уште не го прифаќаат предлогот за парична награда за вработените во полицијата и зошто во неколку наврати поништуваат решенија за распоредување вработени донесени во транспарентна постапка и во согласност со законот.

Предлогот што тие го споменуваат за бонус плата од 25 илјади денари воопшто не е доставен до мене, а доколку тој е доставен до Владата, ја повикувам веднаш да го прифати бидејќи е во интерес на вработените на Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев.

InterServer Web Hosting and VPS