„Плаче цела година за нов договор, се замеша дури и жена му а прв се спротивстави на кратање на платите!“платите!“

Жером Ротем го „распарчи“ Тиаго Силва, вели дека Бразилецот не ги заслужил ни тие додатни два месеци од договорот и продолжувањето на соработката со ПСЖ до крајот на август.

Се ближи крајот на авантурата на Тиаго Силва во Париз, ПСЖ реши да не го продолжи договорот на дефанзивецот, кој е член на „светците“ од 2012 и едно од првите големи засилувања во новата ера под водство на Катарците.

Ваквата одлука ја поздрави поранешниот француски репрезентативец Жером Ротен, кој смета дека Бразилецот не ги заслужил ниту додатните два месеци и продолжувањето на соработката до крајот на август, односно крајот на оваа сезона.

„Видете, тој никогаш бил на нивото на Рамос или Ван Дајк. Се работи за добар играч но има одредени лимити, односно има слаб менталитет. Платата што ја заработува во ПСЖ, никогаш нема да ја добие во друг клуб“ – вели Жером Ротем.

„Јас да сум дел од раководството на клубот, ќе ја прекинам соработката веќе на 30. јуни. Нема шанси да му давам плата уште два додатни месеци. Цела година плаче за нов договор, дури се замеша и жена му. А кога клубот побара да се намалат платите поради коронавирус кризата, тој прв се спротивстави“.

InterServer Web Hosting and VPS