Почина маж кој се преврте со трактор

Тракторист почина во несреќа во селото Дулица, на место викано „Цебовци“.

„Додека Ќ.С.(47) од с.Дулица управувал трактор „фергусон“, се превртел со тракторот и починал на местото на незгодата“, информираат од полицијата.

Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

InterServer Web Hosting and VPS