Трамп: Околу 640 американски војници остануваат во КФОР

Околу 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите од околу 4.000, потврди американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и до вториот највисокорангиран функционер на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.

Во делот од писмото за Косово, Трамп наведува дека „САД продолжуваат да даваат придонес кон силите на КФОР, предводени од НАТО, во соработка со локалните власти, билатералните партнери и меѓународните институции, со цел да се избегнат обновените непријателства во Косово“.

InterServer Web Hosting and VPS