ЗА КОРОНАКРИЗАТА НЕ СЕ ВИНОВНИ ВЕРНИЦИТЕ, ЕТНИЧКИТЕ ГРУПИ, РЕГИОНИТЕ…ВИНОВНА Е ДРЖАВАТА, ИНСТИТУЦИИТЕ И ПОЛИТИЧКИТЕ ИГРИ


Џелал Незири

Филозофот Томас Хобс вели дека едно општество без власт е во сосотојба на природата. Во таа состојба секој се против секого, каде поединците се осамени, сиромашни, лоши, груби и мали. Хобс, како поборник за апсолутизам, вели дека без моќен владетел сите би се убиле меѓусебно.

Неговата идеја е дека на секое општество му треба апсолутен владетел, кого секој ќе го почитува бидејќи ќе биде непобедлив и никој нема да се осмели да не ги почитува правилата што би ги поставил (во конкретниот случај со вирусот – мерките со сила на закон). Целта на овој голем владетел, според Хобс, би била да ги спречи луѓето да се уништат едни со други. Тој нема оптимистички пристап кон човекот во состојба на природата. Хобс ги напиша овие погледи во делото на Левијатан, непосредно по Англиската граѓанска војна во седумнаесеттиот век, конфликт што ги обликуваше неговите идеи за моќен владетел што ќе спречи самоуништување на општеството.
ЗНАЧИ, ОВАА БЕЗРЕДИЕ И НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ВИРУСОТ, ФАВОРИЗИРААТ ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА АВТОРИТАРНА ВЛАСТ!

Од друга страна, го имаме филозофот Џон Лок, конституционалист кој се спротивставува на апсолутизмот на Хобс и се обидува да ја ограничи моќта на владата со закони и устав. Тој вели дека човекот има права што ги дава природата, односно Бога, и дека тие се неприкосновени, како што се: слободата, животот и имотот.
Онаму каде Лок се согласува со Хобс е дека овие три природни човекови права се многу тешко да се одбранат во состојба на природа, односно без власт. За да се гарантираат овие природни права, Лок вели дека мора да се постигне социјален договор што ќе биде одобрен и почитуван од сите, кој сега го знаеме како Устав.
Власта, според Лок, има должност да го спроведе овој општествен договор и да ги заштити слободата, животот и имотот на секој поединец. Ако тоа не успева да го стори, тогаш граѓаните имаат право да ја соборат таа преку револуција.

ЗАКЛУЧОК: ОВА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Е ТОТАЛНО НЕСПОСОБНА ДА ГИ СПРОВЕДУВА ЗАКОНИТЕ И УСТАВОТ! ВО ЕДНА ВАКВА СОСТОЈБА ОПШТЕСТВОТО СЕ СТАВА ВО ОПАСНОСТ ЗА ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ПО ВЕРСКА (ХРИСТИЈАНИ-МУСЛИМАНИ), ЕТНИЧКА (МАКЕДОНЦИ-АЛБАНЦИ И ДР), РЕГИОНАЛНА (СКОПЈЕ-ОХРИД) ИТН.

НАМЕСТО РЕВОЛУЦИЈА, ИЗБОРИ ВЕДНАШ! И ТАКА ВИРУСОТ СЕ ШИРИ КО ДА ИМАМЕ СЕКОЈ ДЕН ГЛАСАЊЕ!

InterServer Web Hosting and VPS