Нови 29 случаи на коронавирус во Косово

Во Косово се регистрирани 29 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 1.263, соопштено е во понеделникот вечерта од Институтот за јавно здравје во Приштина.

Институтот преку Фејсбук пренесе дека вчера се излекувани 22 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти порасна на 912.

Од почетокот на пандемијата во Косово е забележан 31 смртен случај поврзан со последици од коронавирусот.

InterServer Web Hosting and VPS