Нови патенти на флексибилниот телефон на Xiaomi

Почнаа да се појавуваат гласини кои укажуваат на можниот дизајн на идните флексибилни телефони на компанијата Xiaomi. Најновиот патент укажува на изглед кој е многу сличен на оној кој го има Huawei Mate X, а патентот го откри сајтот LetsGoDigital.

Новиот патент на компанијата Xiaomi од објавен од CNIPA агенцијата за сертификација на патенти, а пријавата за ова решение е од 2019. година. Дисплејот на уредот од патентот се свиткува кон надвор, со доволно место да се држи уредот. Тука е и делот во кој се сместени четири камери, кој исто така е наменет смартфонот да се држки на вистински начин, како кај Mate X моделот.

Видливо е дека портот за полнење е сместен во дното на уредот, а телефонот има многу тенки рамки. Xiaomi Foldable во споредба со Mate X би стигнувал со поддршка за Google Services, што би му овозможило да се натпреварува со Samsung Galaxy Fold моделот на глобално ниво.

InterServer Web Hosting and VPS