Дејвид Бекам се реши за голем пресврт во кариерата – никогаш не би погодиле што се досетил

Дејвид Бекам за време на карантинот готвел за целото семејство, а пријателот Гордон Ремзи му советувал да започне кулинарско шоу. Бившиот фудбалер се одлучи за пресврт во кариерата и потврди дека планира да започне со токму тоа – кулинарско шоу.

Бракот скоро му се распадна поради аферата со помошничката, но на јавноста тој и е помил отколку сопругата, ледената кралица. За време на изолацијата, Бекам го усовршил своето кулинарско знаење и весникот Мирор тврди дека се обидува да се договори со Нетфликс околу деталите за новото шоу.

Тој призна дека идејата му ја дал блискиот пријател Гордон Ремзи, славниот британски готвач. Бекам сака неговото шоу да го продуцира баш продукциската компанија на Ремзи. Гордон му дал прекрасни совети, а и самиот Бекам сфати колкава слава стекна Ремзи со своето шоу.

Инаку Бекам е познат по тоа дека е гурман, а се надеваме дека набрзо ќе дознаеме  и како се снаоѓа во кујната.

https://www.instagram.com/p/B7tVgAQh9Hz/?utm_source=ig_web_copy_link
InterServer Web Hosting and VPS