Кавани продолжува во Атлетико Мадрид!?

Откако ПСЖ постгна договор со Мауро Икарди, се чини дека за Едисон Кавани повеќе нема место меѓу парижаните. Многу се шпекулираше за неговата иднина, односно имаше неколку клубови кои го сакаа да го видат во своите редови.

Меѓутоа, се чини дека најблиску е да се пресели во Шпанија, откако неговиот соиграч Андер Ерера откри дека Кавани се распрашувал за животот во Шпанија.

„Кавани ме прашуваше за животот во Шпанија. Знам дека сака да оди таму“, откри Ерера.

Постои голема веројатност Кавани да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.

InterServer Web Hosting and VPS