Тодоров: Потребни се брзи избори поради доброто на државата

Скопје, 7 јуни – Екс министерот за здравство, Никола Тодоров во „Трилинг“ изјави дека избори треба да има што побрзо за доброто на државата.

– Не ја застапувам тезата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку ја застапувам мојата теза. Сметам дека треба да има избори што побрзо поради државата, ниту поради СДСМ, ниту поради ВМРО-ДПМНЕ, вели Тодоров.

Во однос на тоа дали граѓаните ќе бидат колатерална штета на политичките игри на двете најголеми партии во државава, тој вели дека овде се работи повеќе за меѓусебна борба на „политичка живот или смрт“.

– Тоа е многу сериозно. Ние не сме во таков момент во државата за така да се бориме и така да се поделиме меѓу себе. Мораме да ја водиме оваа војна. Битка една добивме, сега треба да ја добиеме и втората. На граѓаните не им е битно дали е крив Венко Филипче или Наќе Чулев. Битно е што има над 100 заболени дневно и што сите се враќаме во една панична ситуација за нашето здравје, вели екс министерот.

Тој вели дека доколку го води ВМРО-ДПМНЕ, би повикал на брзи избори, би победил и би го повикал поразениот да дојде во влада.

– Сега не е време на таков тип на влада во кој еден ќе влече. Кој и да победи, ќе има голем проблем. Ниту едните, ниту другите не можат сами да излезат од проблемот. Дури и заедно, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе излезат од проблемот, додава Тодоров.

InterServer Web Hosting and VPS