Њукасл со најскапо засилување во својата историја

Жозлингтон е првото засилување во летниот преоден рок и воедно најскапото во историјата на Њукасл.

Висината на трансферот изнесува 35 милиони фунти, а дека играчот веќе пристигнал во Островот за да ги направи лекарските прегледи, и дека би можел да дебитира веќе в сабота на пријателскиот натпревар против Престон.

Бразилецот дојде во Сент Џејмс парк по препорака на новиот тренер Стив Брус, кој откако минатиот месец го презеде кормилото од Рафаел Бенитез, веднаш почна со подготовките за новата сезона, давајќи им до знаење на челниците дека му се потреби двајца напаѓачи, играч за врска, бек и крило.

Првиот офанзивец веќе го најде кај 9-та на Хофенхајм, односно 22-годишниот Бразилец кој минатата сезона одигра 35 натпревари за германскиот клуб, постигнувајќи 11 голови.

InterServer Web Hosting and VPS