Вјоса Османи: Косово од 2016 година доби неколку десетици милиони евра од Србија и тоа остана во тајност

Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи, рече дека примила писмо од персоналот на Министерството за здравство, во кое стои дека од 2016 година ова Министерство примило донации од Србија вредни неколку десетици милиони евра, пишува „Клан Косова“.

– Откако Србија ја отвори темата за тестовите, ве известувам дека како претседател на Собранието примив писмо во кое пишува дека Косово од 2016 годна добило десетици милиони евра од Србија во лекови, медицинска опрема и санитетски материјал – рече Османи.

Според нејзино мислење пратениците би требало да бараат одговорност поради тоа што овие информации се чувани во тајност.

InterServer Web Hosting and VPS