Чоколадото го брка сонот

Чоколадото дава енергија и го подига расположението, но не е пожелно да се консумира во вечерните часови. Не само поради тоа што има многу калории, туку предизвикува несоница.

Познато е дека масната храна и благото можат да предизвикаат кошмари, бидејќи тие влијаат на мозочните бранови. Покрај маснотиите, чоколадото содржи и кофеин, а големата количина шеќер делува како енергетска бомба, па тешко ќе заспиете.

Наместо да уживате во омиленото благо, експертите препорачуваат конзумирање житни култури за да се зголеми дејството на триптофан, кое учествува во производството на серотонин, хормонот на среќа и мелатонин, кој ни овозможува цврст сон и добро расположение.

Ако воопшто не можете да спиете, станете и испијте малку вода. Не принудувајте се да заспиете, бидејќи тоа ќе предизвика контра ефект и долго време нема да можете да заспиете.

InterServer Web Hosting and VPS