Синот пукал во родителите и побегнал

Хорор сцени се случле ноќеска во Дубровник. Според медиумите во семејна куќа синот посегнал по пиштолот и пукал во своите родители. Гир ранил својот татко и мајка, за кои лекарите во болницата во Дубровник сега се борат за да им го спасат животот. Напаѓачот по пукотницата побегнал од семејната куќа.

Полицијата во Дубровник добила дојава за овој инцидент пред полноќ. Мажот кој пукал бил на возраст од 37 години, а повредените лица на 68 и 67 години.

Набрзо по пукотницата, лицето кое пукало е пронајдено и сега е во полициска станица каде се извршува информативен разговор.

InterServer Web Hosting and VPS