Петок, 5 јуни, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни (петок) е неработен ден за сите граѓани во Македонија.

„Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19“, соопшти Министерството.

InterServer Web Hosting and VPS