Автомобил удри во метален столб во Капиштец, населбата неколку часа немаше струја

Автомобил со велешки таблички удри во метален столб, доцна синоќа во скопската населба Капиштец. Од ударот биле оштетени и неколку други возила од околината, а дел од населбата немаше струја некое време.

Дел од медиумите говорат и за повредени лица, но оваа информација се уште не е потврдена ниту демантирана. Нејасно е со колкава брзина си движело возилото и како завршило во металниот столб.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека сообраќајката се случила, а официјални информации најавија за денеска.

InterServer Web Hosting and VPS