Светски рекордери: Еден фудбалски тим, 25 заразени со коронавирус

Украинскиот фудбалски клуб Карпати објавил дека дури 25 играчи и персоналот на клубот биле заразени со коронавирусот.

Со ова тие станаа еден вид светски рекордери кога станува збор за бројот на пациенти со Ковид-19 во светот на спортот.

Целиот тим ќе мора да помине 14 дена во карантин.

Секако, сите натпревари на овој клуб се одложени на две недели, а доколку карантинот даде резултати, првиот следен дуел на овој тим ќе биде против Мариупол на 20 јуни.

Минатата недела овој клуб објави дека има само неколку позитивни, така што ова сега целосно ја промени нивната ситуација.

Карпати се на дното на табелата од украинското фудбалско првенство со само освоени 14 бода.

InterServer Web Hosting and VPS