Спајдермен ќе вози Hyundai Sonata?

Спајдермен, а можеби и Ајронмен наскоро ќе може да ја возат новата Hyundai Sonata. Ова следува откако јужнокорејскиот прозиводител потпиша договор со Sony Pictures.

Според договорот, во филмовите продуцирани од Sony Pictures ќе се појават автомобили од брендот на Hyundai кои ќе бидат возени од главните јунаци.

Засега не е познато која е сумата која јужнокорејскиот прозиводител ќе ја исплати на Sony Pictures, а од деталите се дознава дека возилата на Hyundai ќе бидат дел од минимум пет филмови.

Инаку во последното продолжение на Спајдермен, главната улога кога се во прашање автомобилите ја имаше Audi. При тоа во овој филм учество зазема најновата А8, а тука беа и e-tron, A7 како и Q8

InterServer Web Hosting and VPS