Босанскиот премиер не оди во притвор: Уапсените во аферата „Респиратори“ се бранат од слобода

Судот во БиХ го отфрли предлогот на Обвинителството на БиХ да му изрече едномесечен притвор н премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, уапсен во аферата „Респиратори“, по што бил пуштен да се брани на слобода. Истата одлука е донесена и за директорот на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак, како и сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ.

Станува збор за постапка за купување на 100 респиратори од Кина по цена од 10,5 милиони конвертибилни марки. Владата на ФБиХ ги купича уредите преку „Сребрена малина“, која се занимава со земјоделство, а наскоро се покажало дека употребата на овие респиратори не се препорачува за лечење на интензивна нега.

Обвинителството на БиХ ги товари осомничените за заговор за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, примање награда за тргување со влијание и други форми на корист, перење пари, фалсификување на службени документи или трговски книги.

На расправата за притворот, обвинителството и бранителите воделе голема правна битка, која траела цели седум часа. Започнала во саботата околу 20 часот, а заврши во недела во 3 часот наутро. Обвинителството го засновало сомневањето врз голем број докази, во кои била вклучена и комуникација преку „Вибер“ од мобилниот телефон на Новалиќ. Тие исто така потенцирале дека дел од пораките се избришани по започнувањето на истрагата.

Бранителите на осомничените тврдат дека обвиненијата се паушални и фабрикувани.

Фадил Новалиќ пред судот изјавил дека е фрустриран од наводите на обвинителството, па уште само требало да кажат дека „ тој ја наредил пандемијата од Кинезите“. Тој смета дека е глупост што го обвинуваат за перење пари, што по дефиниција значи вметнување „валкани“ пари во законски текови, а тоа, како што вели, е невозможно да се направи со исплата од буџетот.

InterServer Web Hosting and VPS