Пензионерите од денеска повторно бесплатно во јавниот превоз

Пензионерите од денеска ќе можат повторно да ги користат бесплатно во градските автобуси, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП). Со ова пензионерите, како и пред воведувањето на вонредната состојба и сетот мерки за борба против коронавирусот пензионерите бесплатно ќе се возат во вторник, петок, сабота и недела.

Од денеска бесплатното користење на јавниот превоз важи за возрасни лица-жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години.

Според ЈСП, одлуката за бесплатниот превоз на пензионерите, иако тие се во поризична група, а битката со коронавирусот сѐ уште трае, ја донеле во консултација со надлежните институции.

InterServer Web Hosting and VPS