Австријците жестоко го казнија ЛАСК

Фудбалскиот сојуз на Австрија го казни ЛАСК со одземање шест бода и 75.000 евра. Фудбалерите на овој клуб не ги почитуваа мерките за социјално дистанцирање на тренинзите.

ЛАСК на почетокот на месецот одржаа нормален тренинг иако во тој период тоа беше спротивно на правилата.

Кога снимките излегоа во јавноста, против клубот беше поведена дисциплинска постапка. Дисциплинскиот сенат на австриската Бундеслига ја изрече казната со образложение дека ЛАСК не ги почитувале основните принципи на ферплејот.

Со одземањето шест бода, екипата, која беше лидер на табелата, падна на второто место и во плејофот за титулата влегува со три поени помалку од Салцбург.

Сезоната во Австрија ќе продолжи на 1 јуни. Во плејофот Салцбург ќе влезе со 24 поени, ЛАСК со 21, а Рапид од Виена со 20.

Во првиот меч по паузата ЛАСК ќе го пречека Хартберг.

InterServer Web Hosting and VPS