СЗО: Светското лоби на противниците на вакцини сè повеќе расте

Светското лоби на противниците на вакцини сè повеќе расте, изјави претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Москва, Мелита Вујновиќ, јавува ТАС С.

„Ова движење расте. Денес е модерно да се биде дисидент, а лобито на противниците на вакцината е сеприсутно и погласно“, рече Вујновиќ за време на сесијата посветена на Ковид-19 на Руската академија на науките.

Руската агенција наведува дека Вујновиќ се спротивставува на коментарите на социјалните мрежи кои тврдат дека вакцините се смртоносни и штетни за луѓето.

„Тоа се прави и покрај фактот што сите знаат дека вакцините се најважната мерка во јавното здравство, која му овозможи на општеството да спаси детски животи, да го зголеми животниот век на човекот и да го намали бројот на лица со посебни потреби“, потенцираше Вујновиќ.

Таа предупреди дека ваквите ставови не само што ќе го променат однесувањето на луѓето кон вакцинацијата, туку ќе предизвикаат и долгорочна штета на целиот здравствен систем.

InterServer Web Hosting and VPS