Калчото се враќа од 20 јуни, а Македонците ќе почнат да играат три дена подоцна!

Италија вчера објави дека Серија А ќе се рестартира на 20 јуни и до 2 август ќе заврши прекинатата сезона со заостанатите 12 кола во кои ќе треба да се добие новиот првак, патниците во ЛШ, во Лига Европа, како и екипите кои ќе испаднат од лигата.

Три дена пред стартот на Калчото, ќе се играат полуфиналињата во Купот (13 јуни), а од 20 и 21 јуни јуни ќе стартува Калчото и тоа прво со доигрување на мечевите кои беа одложени кога избувна епидемијата од коронавирус од 25-то коло и потоа три дена подоцна во забрзан ритам двапати неделно ќе се играат следните 12 рунди (вкупно шест недели фудбал).

Во Италија тројца македонски репрезентативци ги очекува пеколен ритам. Горан Пандев со Џенова ќе брка опстанок, Илија Несторовски со Удинезе се бори за помирна завршница на сезоната, додека Елиф Елмас со Наполи ќе се бори за место во Лигата на шампионите.

Ова македонско трио својот старт во Калчото ќе го има на 23 и 24 јуни, кога е планирано да се одигра 27-то коло. Нè очекуваат низа спектакуларни мечеви, три „македонски пресметки“, едно дерби за титула Јувентус – Лацио, уште низа суперинтересни двобои во кои ќе се води жестока битка за Европа, опстанокот, а завршницата може да биде луда – Јувентус со Рома, а Наполи со Лацио. Два клуба за титула, а два за ЛШ…

КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД ВО ИТАЛИЈА ДО КРАЈОТ

20/21 ЈУНИ – Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма, Верона – Калјари (заостанати мечеви од 25-то коло)

23/24 ЈУНИ (27.КОЛО) – Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Фиорентина – Бреша, Џенова – Парма, Верона – Наполи, Интер – Сасуоло, Лече – Милан, Рома – Сампдорија, Спал – Калјари, Торино – Удинезе.

27/28 ЈУНИ (28 КОЛО) – Бреша – Џенова, Калјари – Торино, Јувентус – Лече, Лацио – Фиорентина, Милан – Рома, Наполи – Спал, Парма – Интер, Сампдорија – Болоња, Сасуоло – Верона, Удинезе – Аталанта

30 ЈУНИ/1ЈУЛИ (29. КОЛО) – Аталанта – Наполи, Болоња – Калјари, Фиорентина – Сасуоло, Џенова – Јувентус, Верона – Парма, Интер – Бреша, Лече – Сампдорија, Рома – Удинезе, Спал – Милан, Торино – Лацио.

4/5 ЈУЛИ (30. КОЛО) – Бреша – Верона, Калјари – Аталанта, Интер – Болоња, Јувентус – Торино, Лацио – Милан, Наполи – Рома, Парма – Фиорентина, Сампдорија – Спал, Сасуоло – Лече, Удинезе – Џенова

7/8 ЈУЛИ (31. КОЛО) – Аталанта – Сампдорија, Болоња – Сасуоло, Фиорентина – Калјари, Џенова – Наполи, Верона – Интер, Лече – Лацио, Милан – Јувентус, Рома – Парма, Спал – Удинезе, Торино – Бреша

11/12 ЈУЛИ (32. КОЛО) – Бреша – Рома, Калјари – Лече, Фиорентина – Верона, Џенова – Спал, Интер – Торино, Јувентус – Аталанта, Лацио – Сасуоло, Наполи – Милан, Парма – Болоња, Удинезе – Сампдорија.

14/15 ЈУЛИ (33. КОЛО) – Аталанта – Бреша, Болоња – Наполи, Лече – Фиорентина, Милан – Парма, Рома – Верона, Сампдорија – Калјари, Сасуоло – Јувентус, Спал – Интер, Торино – Џенова, Удинезе – Лацио

18/19 ЈУЛИ (34. КОЛО) – Бреша – Спал, Калјари – Сасуоло, Фиорентина – Торино, Џенова – Лече, Верона – Аталанта, Јувентус – Лацио, Милан – Болоња, Наполи – Удинезе, Парма – Сампдорија, Рома – Интер.

21/22 ЈУЛИ (35. КОЛО) – Аталанта – Болоња, Интер – Фиорентина, Лацио – Калјари, Лече – Бреша, Парма – Наполи, Сампдорија – Џенова, Сасуоло – Милан, Спал – Рома, Торино – Верона, Удинезе – Јувентус

25/26 ЈУЛИ (36. КОЛО) – Болоња – Лече, Бреша – Парма, Калјари – Удинезе, Џенова – Интер, Верона – Лацио, Јувентус – Сампдорија, Милан – Аталанта, Наполи – Сасуоло, Рома – Фиорентина, Спал – Торино

28/29 ЈУЛИ (37. КОЛО) – Калјари – Јувентус, Фиорентина – Болоња, Верона – Спал, Интер – Наполи, Лацио – Бреша, Парма – Аталанта, Сампдорија – Милан, Сасуоло – Џенова, Торино – Рома, Удинезе – Лече

1/2 АВГУСТ (38. КОЛО) – Аталанта – Интер, Болоња – Торино, Бреша – Сампдорија, Џенова – Верона, Јувентус – Рома, Лече – Парма, Милан – Калјари, Наполи – Лацио, Сасуоло – Удинезе, Спал – Фиорентина.

InterServer Web Hosting and VPS