Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален

Скопје, 28 мај – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален.

– Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план, соопшти МНР.

Димитров и Моншалан разговарале и за актуелни прашања од регионален интерес.

InterServer Web Hosting and VPS