Коронавирус: Оздравени 16, новозаразени 38 и тројца починати

Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрирал 16 оздравени пациенти, тројца починати и 38 новозаразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

„Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19“, соопшти МЗ.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

InterServer Web Hosting and VPS