Јувентус побара нов фудбалер од Барселона во замена за Пјаниќ, овој пат „каталонците“…

Медиумите во Шпанија и Италија пренесуваат дека од Јувентус побарале нов фудбалер од Барселона во замена за Миралем Пјаниќ откако им стана јасно дека нема да стигнат до потписот на Артур.

Италијанскиот клуб овој пат го посакал младиот и екстра талентиран офанзивец на Барселона, Ансу Фати.

Сепак, за разлика од случајот со Артур Мело кој беа подготвени да го пуштат во Торино, овој пат „каталонците“ одбиле можност за ваква соработка со Јувентус.

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека Барселона јасно ставила до знаење дека нема намера да влегува во било какви преговори кои ќе го вклучуваат и младиот Ансу Фати, па многу бргу можноста за ваква зделка пропаднала.

Сега од Јувентус ќе треба да се насочат кон друг фудбалер на Барселона доколку сакаат да се ослободат од босанскиот фудбалер.

InterServer Web Hosting and VPS