Galaxy Fold 2 влезе во масовно производство и се очекува во август

Објавата на Samsung Galaxy Fold 2 флексибилниот телефон би можеле да ја видиме во рамките на истиот Unpacked настан, на кој би требало да биде претставена и Galaxy Note20 серијата.

Според наводите од Јужна Кореја, Samsung веќе почнал со масовно производство на наследникот на Galaxy Fold. Ова на Samsung би можело да му овозможи доволно време да објави нов флекисбилен телефон во август.

Новиот Samsung Galaxy Fold би требало да има пониска цена, подобар екран со 120Hz стапка на освежување. Од друга страна, не се очекува водоотпорен Galaxy Fold 2, иако неодамнешен патент сугерира дека Samsung работи на додавање на отпорноста на вода за своите идни флексибилни уреди.

Се очекува дека јужнокорејската компанија ќе испорача помеѓу 2,5 и три милиони Galaxy Fold 2 телефони оваа година, според пазарните предвидувања.

InterServer Web Hosting and VPS