Овој паразит може долго и незабележливо да ве мачи а да не сте свесни. Еве кој налесно го добива и што морате да преземете.

Токсокариоза (токсокара) е доста застапено заболување. Токсокариозата ја предизвикуваат ларви кои се населуваат на различни ткива и органи во човековиот организам. Познати се две врсти и тоа кучешка (Toxocara canis) и мачја токсокара (Toxocara cati).

Главни домаќини и воедно преносители на овој опасен паразит на луѓето се домашните миленици односно мачките и кучињата. Токсокарата може да ја пренесат и некои диви животни, али тоа е многу поредок случај од проста причина што луѓето не се во чест и близок контакт со диви животни.

Луѓето исто така може да се заразат од заразени јајца на токсокара бидејќи во природата има многу остатоци од изметот на кучиња и мачки, во прашината на воздухот или на свежи намирници кои растат во земја.

Човекот е привремен домаќин во кој јајцата се развиваат во ларви, а воедно и погрешен домаќин бидејќи ларвите во човековиот организам неможат да се развијат во возрасни единки. Меѓутоа во човековиот организам од тие јајца во цревата се развиваат ларви кои понатаму преоѓаат во крвотокот и се населуваат на било кој орган или ткиво. Најчесто тоа се мозокот, очите, белите дробови, јетрата и срцето.

Паразитот може да остане во форма на ларва и со години и неприметно да создава симптоми кои можат да се препишат на било која болест или состојба, како главоболката, отоци, болки во стомакот, кашлица, вртоглавица и сл. Меѓутоа ларвите во ретки случаи можат да стигнат и до виталните органи како што се мозокот и срцето и да предизвикаат сериозна состојба опасна по животот, особено кај децата.

Доколку нашиот имун систем сам не се избори со овој паразит или не се применува адекватен медицински третман на време, токсокарата може да резултира со озбилни здравствени проблеми.

Голем проблем преставува дијагностицирањето на токсокарата бидејќи ларвите не се развиваат во возрасни единки и тешко е да се детектираат преку конвенционалните дијагностички методи.

Главен извор за токсокариозата кај луѓето, најчесто се мачките и кучињата, а трансмисијата е најчеста преку измет и влакна на кои се наоѓаат јајцата од овој паразит.

Најголем извор на зараза се детските игралишта, песокот и земјата кои се простор каде животните вршат најчесто нужда. Доволно е мало дете да си поигра во песокот а потоа да го стави прстот во нос или уста и заразата е тука.

Во најризична група спаѓаат деца до 5 години, сопственици на домашни миленици (куче и мачка), ветеринарите, луѓе кои одблиску работат со животни (пансиони и азили за кучиња и мачки), продавачи на овошје и зеленчук, луѓе кои обработуваат земја и ловци. До заразата може да дојде и кај други категории луѓе, но тоа е поредок случај.

Да ја спречите заразата со токсокара, потребно е пред се да ги чистите вашите љубимци од паразити на секои три месеци со таблети посебно наменети за оваа цел, редовно да миете раце по контакт со животни, земја и песок, темелно да го миете овошјето и зеленчукот, по можност да го држите во раствор од сода бикарбона и вода мимимум 10/15 минути и да водите сметка дека малите деца додека се во природа, да не допираат уста, нос и очи со валкани раце.

InterServer Web Hosting and VPS