Пристигнува VW Nivus – ќе се продава и во Европа

Volkswagen ја најави премиерата на целосно новиот CUV модел – Nivus, што дополнително ќе ја збогати понудата на гамата на марката во Јужна Америка. Од компанијата велат дека се планира и верзија на автомобилот што ќе се продава на европскиот пазар.

Volkswagen Nivus треба да биде доцна попладне целосно претставен, и целосно е развиен во Бразил. Првично ќе се нуди на тамошниот пазар. Подоцна во текот на годината ќе се нуди и на пазарот во Аргентина, а во 2021 година и на другите пазари во Јужна Америка.

Од Volkswagen велат дека планот е новиот модел да се продава и во Европа, кад еќе биде доработен дополнително според барањата на тамошните купувачи и ќе се произведува локално.

Volkswagen Nivus ќе има багажник од 415 литри, разработен е на база на модуларната MQB платформа на VW Group и е дел од офанзивата на компанијата за Јужна Америка каде с епланирани 20 нови модели во годината.

InterServer Web Hosting and VPS