Ново лице за Mercedes-AMG E-класа купе и кабриолет верзиите

Очекувано, и овде се истакнуваат изменетиот, подинамичен преден крај со ажурирана решетка на ладилникот и LED светла, модифицираните задни светла, новите тркала, ажурирање на системите за безбедност и помош на возачот, како и модернизираниот ентериер со нов волан и MBUX инфозабавен систем со 10,25 или 12,3-инчни екрани.

Тука се и неколкуте нови бои Cirrus Silver, Graphite Grey, Mojave Silver и designo Patagonia Red.

Што се однесува до моторизацијата, опсегот ќе вклучува неколку дизели и бензинци со 4 и 6-цилиндри, како и со 48V лесна хибридна технологија во некои варијанти. Сите верзии имаат 9-степен автоматски менувач.

Новиот „благ хибрид“ E 220 d има 2.0-литарски мотор со 194HP и 400 Nm, забрзува до 100 km/h за 7,4 секунди и достигнува максимални 241 km/ h, а над него во опсегот е E 400 d, и тоа со 3.0-литарски 6-цилиндерски мотор со 340 КС и 700 Nm вртежен момент.

Кога станува збор за бензинците, на располагање се Е 200 со 2.0-литарски турбо мотор со 4-цилиндри кој има 197 КС и 320 Nm (достигнува 100 km/ h за 7,6 секунди), потоа Е 300 со 258 КС и 370 Nm, како и E 450 4MATIC со 3.0-литарски со 6-цилиндри и 48V благ хибрид (367 КС и 500 Nm, забрзување до 100 km/h за 5 секунди и максимални 250 km/h).

Списокот на промени е широк и долг, во согласност со барањата на денешниот пазар, а покрај стандардните верзии, ревизија претрпел и моќниот Е 53.

Визуелните промени, кога станува збор за AMG, се концентрирани на предниот дел од возилото, каде е имплементирана „специјална решетка на ладилникот со дванаесет вертикални прегради“, што го прави возилото поагресивно и во согласност со другите производи на AMG.

Што се однесува до ентериерот, она што го привлекува вниманието е стилизираниот управувач AMG и новиот дисплеј, кој сега ги обезбедува услугите на новиот MBUX инфо-забавен систем.

Погонскиот агрегат е ист – 3.0-литарски турбо, кој профитира со присуството на EQ Boost системот. Имено, на стандардните 435 коњи и 520 Nm се додаваат 22 КС и 250 Nm. Преносот е AMG SPEEDSHIFT TCT 9G, поврзан со 4MATIC+ погон на сите тркала.

InterServer Web Hosting and VPS